Циркус на Ролан Гарос – Прекинат е мечот Ѓоковиќ – Беретини поради полициски час

Неочекуван потег на организаторите на Ролан Гарос го прекина мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини во Париз, а причина е полицискиот час.

Одлучено е гледачите кои беа присутни на централниот терен да бидат испратени дома, па дуелот од четвртфиналето треба да продолжи без публика.

До прекинот, Ѓоковиќ водеше со 2:1 во сетови и со 3:2 во гемови во четвртиот сет.

 

- Оглас -

Најнови вести