Циркус во Катар – За Озил се скараа лажните и вистинските навивачи на Германија (Видео)

Вистински циркус се случи во Катар, во делот од секторот на трибините на кој беа сместени германските навивачи на дуелот со Шпанија.

Се скараа вистинските навивачи на четирикратниот светски првак и лажните, односно Арапите, кои се платени од Катарците да навиваат за странските селекции за да изгледа поинтересно на трибините.

Причина беше транспарентот со ликот на Месут Озил што лажните Германци го истакнаа, а се побунија вистинските Германци.

Озил има одиграно 92 натпревари за Германија, но предизвика хаос пред 4 години, кога објави фотографии со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, чија политика не е омилена кај Германците.

Argument between Arabs and German fans after displaying Ozil posters towards German fan area from soccer

На мечевите во Катар има многу платени навивачи што треба да глумат симпатизери на попознатите репрезентации, а освен пари, добиваат и билети за да бидат присутни на трибините.

 

- Оглас -

Најнови вести