Циркуска акробација на Гилџес-Александер – Во НБА важи кош и кога не знаеш дека си го постигнал (Видео)

Шеј Гилџес-Александер го постигна најчудниот кош сезонава во НБА-лигата, а ниту самиот не беше свесен дека запиша поени во акцијата на мечот меѓу неговата Оклахома и Портланд.

Бекот на Тандер се обиде да ја положи топката во кошот на домаќините, а при влезот под кошот му беше избиена од раце и во висок лак сепак мина низ мрежичката.

Гилџес-Александер воопшто и не забележа дека постигна поени, но тие важат и беа можеби и клуч на победата од 125:122 за Оклахома против Портланд.

 

- Оглас -

Најнови вести