Циципас елиминиран на Вимблдон

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој е 11-ти носител, доживеа елиминација уште во второто коло на Вимблдон. Тој загуби со 3-1 во сетови (6-7, 6-7, 6-3, 3-6) од финскиот тенисер Емил Русувури.

На Стефанос Циципас не му одговараат најбрзите подлоги, како што е тревата, а за тоа говори неговиот досегашен настап на Вимблдон во неговата кариера.

Никогаш не успеа да го помине четвртиот круг, а овојпат не стигна ниту до третото коло.

Мечот траеше два часа и 50 минути, а Циципас првите два сета ги загуби во тајбрејк.

 

- Оглас -

Најнови вести