Циципас го доби маратонот со Тим, победи и неговата девојка

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас дури на третиот ден од Вимблдон го заврши мечот од првото коло против Доминик Тим. Мечот кој започна во понеделникот, заврши денеска, а по четрии часа и пет одиграни сетови славеше Циципас со 3:6,7:6,6:2,6:7,7:6.

Тим за половина час игра го доби првиот сет, а на Циципас му требаше еден час да израми на 1:1 во сетови, и тоа преку тај-брејкот.

Во третиот сет, подобар беше Гркот, кој на противникот му дозволи да освои само два гема. Во четвриот сет, Тим прво успеа да спаси брејк топка во првиот гем, а потоа преку тај-брејкот да се избори за одлучувачки петти сет.

Победникот повторно беше одлучен во тај-брејкот, во него подобар беше Циципас, кој направи три мини брејка, наспроти двата на Тим и славеше со 10:8.

Циципас во второто коло ќе игра против миленикот на домашната публика, Енди Мареј.

Пласман во второто коло обезбеди и девојката на Циципас, Паула Бадоса, која во два сета со 6:3, 6:3 ја елиминира Алисон Риске.

- Оглас -

Најнови вести