Циципас лесно ја сопре „десетката“ на Синер и пак ќе игра полуфинале на Отвореното првенство на Австралија

Стефанос Циципас е третиот полуфиналист на Отвореното првенство на Австралија, откако лесно во три сета го победи Јаник Синер во меч што траеше помалку од два часа.

Грчкиот тенисер доминираше од стартот на третото четвртфинале и брзо поведе откако го доби првиот сет со 6:3.

Синер, кој до денес имаше импресивна серија од 10 победи по ред, се обиде да се врати во ритам, но го загуби и вториот сет со 4:6 и веќе беше пред пораз.

Циципас продолжи да доминира и го доби и третиот сет со 6:2 за убедливи 3:0 и второ полуфинале во Мелбурн, по тоа пред три години.

Противник на Гркот ќе му биде подобриот тенисер од последното четвртфинале што ќе се игра од 9.30 часот меѓу Медведев и Оже-Алијасим.

Во првото полуфинале ќе играат Надал и Беретини.

Кај дамите, Ига Швјонтек успеа со пресврт да ја победи Каја Канепи со 4:6, 7:6, 6:3 и ќе игра за финале против Даниеле Колинс, тенисерка што лесно ја победи Ализ Корне со 2:0 во сетови.

Претходно полуфинале обезбедија и Барти и Кијз, две тенисерки што ќе играат меѓу себе за настап во финалето и меч за титула на Отвореното првенство на Австралија.

 

- Оглас -

Најнови вести