Црешите се зрели за испаѓање – Само луда среќа може да го спаси Борнмут (Видео)

Саутемтпон успеа да го победи Борнмут со 2:0, со головите на вториот најдобар стрелец во Премиерлигата, Дени Ингс и на Че Адамс и речиси сигурно го испрати домаќинот во понизок ранг на натпревари.

Ингс го постигна првиот гол во 41. минута, а потоа имаше шанса и за 22. гол сезонава во Премиерлигата, но промаши пенал во 59. минута. Голманот на Борнмут Арон Ремсдејл успеа да го одбрани ударот од белата точка, со уште неколку одлични одбрани му понуди шанса на својот тим барем за реми, но напаѓачите на Борнмут не го најдоа патот до мрежата на Саутемптон и се на прагот на испаѓање.

Во последните моменти од мечот Даниел Стариџ постигна израмнувачки гол, но беше поништен поради офсајд, потврден со помош на ВАР системот.

Веднаш на спротивната страна втор гол за гостите постигна Че Адамс за сигурна победа на Саутемптон од 2:0.

Ако Ватфорд успее на последните два меча против Манчестер сити и Арсенал успее да освои само еден бод Борнмут ќе мора да се пресели во Чемпионшип лигата.

Во последното коло Борнмут ќе му гостува на Евертон. Саутемптон се задржа на 11. позиција, сега со 49 бода, пред дуелот од последното коло против Шефилд јунајтед на домашен терен.

Голот на Ингс на „Виталити“ стадионот против Борнмут погледнете го ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести