Македонската фудбалска репрезентација го одработува последниот тренинг на теренот на тренинг-центарот „Петар Милошевски”.
Нашата експедиција утре ќе замине во Белгија, кога в петок во Гент ќе игра против белгиската репрезентација во можеби одлучувачкиот меч во групата за пласман на Светско првенство преку квалификациите.
Селекторот Благоја Милевски ги има сите фудбалери на располагање. Атмосферата е одлична, сите се расположени и сега останува само да се надеваме дека може да го изненадиме големиот фаворит.





