Црногорски полицајци малтретираа поранешен фудбалер на Вардар (Видео)

Црногорскиот фудбалер Дамир Којашевиќ, кој во 2017 година му помогна на Вардар да влезе во групната фаза во Лигата на Европа, во петокот бил физички малтретиран од полицајци кои го запреле во Подгорица.

Откако се појави и снимка од инцидентот, 35-годишниот Којашевиќ заедно со медицинската документација која ја има одлучи да го пријави случајот и најави тужба за полицајците.

„Се движев кон училиште по син ми, а потоа група полицајци вклучија ротационо светло за да ме запрат. Го претресуваа моето возило, а потоа им кажав дека не сум направил прекршок. Не давав отпор, ниту се карав, а тие ме нападнаа и ме удрија неколку пати“, раскажа Којашевиќ, кој два дена пред да има средба со полицијата, на меч за неговиот сегашен тим Искра се здоби со скршеница на раката.

- Оглас -

Најнови вести