Црвена ѕвезда денеска ќе го сруши рекордот на Ливерпул

Црвена ѕвезда вечерва најавува спектакуларна прослава на титулата во дуелот против Пролетер во меч од последното коло од домашното првенство. Црвено-белите ја освоија 31-та шампионска титула, а на стадионот „Рајко Митиќ“ се очекува да има повеќе од 50.000 гледачи.

Влезот на стадионот е бесплатен, па доколку стадионот се наполни, тоа ќе биде и најголем број на навивачи на еден фудбалски меч во светот, во времето на пандемијата поради Коронавирусот.

Покрај рекордот по бројот на гледачи кој се очекува да биде поставен, Ѕвезда треба да надмине уште еден рекорд и тоа на англискиот гигант Ливерпул. Моментно Црвена ѕвезда и Ливерпул се корекордери со по 55 меча без пораз на домашен терен во првенството.

Доколку српскиот првак вечерва не загуби од Пролетер, а тоа е еднакво на сензација, Звезда ќе стигне до 56 меч без пораз на „Рајко Митиќ“ во домашниот шамппионат. Последен пат Ѕвезда загубила дома со 1:3 од Партизан во април 2017 година. Од тој пораз до сега, Црвено-белите имаат 51 победи и само четири нерешени со гол разлика од 156 дадени и само 23 примени гола.

Сепак, Ѕвезда е далеку од вечниот светски рекорд на Реал Мадрид, кој неверојатни 121 меч нема пораз на свој терен во првенството и тоа од перидот од 1957 до 1965 година.

 

- Оглас -

Најнови вести