Црвена ѕвезда го откажа мечот против Реал Мадрид

Кошаркарскиот клуб на Црвена ѕвезда е „нападнат“ од Коронавирусот. Од таборот на Црвено-белите денеска потврдија дека и Дејан Давидовиќ е позитивен на опасниот вирус. Тој е дури 13-ти член на Ѕвезда кој е позитивен на Коронавирусот, што значи дека клубот нема доволен број на играчи за настап.

Од српскиот првак потврдија дека е одложен дуелот од 20. коло во Евролигата против Реал Мадрид, што требаше да се игра на 11 јануари во Белград.

„Информацијата за одложениот меч против Реал Мадрид ја потврдија и од Евролигата. Дуелот требаше да се игра во Белград во вторник, но по последното тестирање на Коронавирусот, Црвена ѕвезда не е во можност да најде осум здрави играчи за настап. Новиот термин за одигрување на дуелот ќе биде дополнително соопштен“, стои во соопштението на српскиот тим.

Во ова коло од Евролигата нема да се игра ниту дуелот меѓу Басконија и Ефес Пилсен.

- Оглас -

Најнови вести