Кошаркарите на Црвена ѕвезда со голема победа над Милано се враќаат од гостувањето во Италија. Екипата од Белград славеше со 62-76 над директниот конкурент за пласман во плејофот.
Црвена ѕвезда одлично го отвори мечот и првите две четвртини ги доби со по осум разлика за високи +16 на полувремето. Домашните резултатски се вратија во третиот период, а на почетокот од последната четвртина најавија неизвесна завршница, но кошаркарите на Црвена ѕвезда не дозволија изненадување и со одлична игра во завршницата дојдоа до победата.
Литванецот Гиедраитис со 22 поени беше најефикасен на мечот.