Црвена ѕвезда ќе игра финале во АБА, Перо бодреше од трибини

Црвена ѕвезда го доби одлучувачкиот дуел против Партизан со убедливи 84:63 за пласман во финалето од АБА лигата. За разлика од претходните два меча, овојпат немаше дилеми кој ќе биде победник во „вечното дерби“, а црвено-белите по шести пат ќе се борат за трофејот од јадранското првенство.

Во преполната сала „Пионир“ ( СЦ Александар Николиќ), гостин беше и најдобриот македонски кошаркар и поранешен репрезентативец, Перо Антиќ, кој го бодреше својот поранешен клуб и се радуваше на победа против шеткратниот првак на Јадранот.

Ѕвезда по првите две четвртини создаде сигурна предност од +16 (44:38) а потоа имаа лесна задача да ја одржат истата предност во своја корист. Партизан потполно падна во бесознание во последните 10 минути, откако противникот им направи серија од 12-2 и на крајот претрпеа многу болен пораз.

Ц. Ѕвезда во финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Седевита и актуелниот бранител Будуќност, каде состојбата е 1-1 во победи по првите два меча, а решавачкиот дуел ќе се одира утре во 19 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести