Црвена ѕвезда тргна победнички, Вест хем е пресилен за Динамо Загреб

Црвена ѕвезда победнички тргна во новата сезона од Лигата на Европа откако ја совладаа Брага со 2:1. Домаќините отворија преку Милан Родиќ, кој во 74-тата минута одлично скокна по изведениот корнер на Гејлор Канга, но радоста на Делиите траеше кратко.

Само што тргнаа од центарот, гостите веднаш израмнија преку Галено, кој упати убав удар од 20 метри одлево. Сепак, благодарение на Катаи, кој погоди од белата точка, домашните се радуваа на првата победа.

Македонските репрезентативци, Стефан Ристовски и Аријан Адеми со нивниот Динамо Загреб немаа сили да му се спротистават на Вест хем во меч кој финишираше 0:2. Михаил Антонио погоди во 22-рата, додека конечниот резултат го постави Деклан Рајс во 55-тата минута.

Најинтересно беше на дуелот меѓу Бетис и Селтик, каде што беа видени дури седум погодоци (4:3), иако гостите по 25 минути водеа со 0:2 со головите на Ајети и Јурановиќ. Сепак, Миранда, Хуанми и Инглесијас направија комплетен пресврт и постигнаа „покер“ голови. Неизвесноста ја врати Ралстон, но тоа беше недоволно за бод од ова гостување.

- Оглас -

Најнови вести