Црвена ѕвезда загуби и од Баерн и веќе може да се збогува со шансите за пласман во плеј-инот

Кошаркарите на Црвена ѕвезда и третпат по ред се поразени во Евролигата, овој пат од Баерн Минхен со 74-66. „Црвено-белите“ остануваат на 10 победи во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување и имаат заостанување од три победи на седум кола до крајот на регуларниот дел од екипите кои се на позициите кои водат во плеј-ин разигрувањето.

Карактеристично за натпреварот беа малиот број на поени, иако почетокот на мечот не навестуваше такво сценарио. Црвена ѕвезда одлично го започна натпреварот, но Баерн до крајот на првата четвртина направи пресврт и со предност од минимални 20-19 замина на првата мини-пауза. Домашните до крајот на мечот не го испуштија водството, а кошаркарите на Црвена ѕвезда во втората четвртина постигнаа само осум поени.

Иако „црвено-белите“ постојано успеваа да се одржуваат на едноцифрена негатива, сепак не успеаја да дојдат до комплетен резултатски пресврт и победа со која колку-толку ќе ги задржеа шансите за пласман во разигрувањето.

- Оглас -

Најнови вести