ЦСКА апсолутно доминира во дуелите со Црвена Ѕвезда (Видео)

ЦСКА Москва го скрши отпорот на Црвена Ѕвезда во последната четвртина, победи со 86:81 во Белград и ја продолжи серијата успеси против српскиот првак во мечеви од Евролигата.

Сега популарните Армејци имаат 5-0 во последните меѓусебни дуели со белграѓани и со 17 победи во 25 меча се зацврстија на четвртата позиција во Евролигата.

До победата во Белград ги предводеше Мајк Џејмс со 29 поени, а одличен беше и Даниел Хакет со 19 поени.

Кај Црвена Ѕвезда Били Берон со 15 поени беше најефикасен, а Кевин Пунтер постигна 12 поени, но „црвено-белите“ го претрпеа и петтиот пораз во шестиот меч и се се подалеку од настап во плејофот и доигрувањето за титулата.

- Оглас -

Најнови вести