Тухел: Ех, да имав уште еден Нејмар…

ПСЖ вчера за првпат од 12-ти мај 2018 година претрпе пораз во француското првенство, на гости кај Лион загуби со 2-1 иако имаше предност во воведните минути од средбата. Неслучајно првиот пораз стигна по повредата на Нејмар, „светците“ напаѓаа, но го немаа завршниот чекор, а сето тоа фудбалерите на Лион го искористија и славеа во дербито од 23-тото коло.

По мечот, Тухел истакна дека неговата екипа може да реди позитивни резултати и без Нејмар, иако би посакал да го има подготвен за секој меч.

„Имам верба во моите момци дека можеме да победуваме и без Нејмар. Би сакал да имам уште еден како него во тимот или како Верати, но, за жал, немам. Без разлика што загубивме, ние игравме добро и креиравме доста шанси. Но, се виде дека ни недостасува завршен потег и прецизност откако го примивме првиот гол“, истакна Тухел.

Ѕвездата на ПСЖ ќе паузира околу 10 недели поради скршеница на ногата, а францускиот првак без него ќе игра во осминафиналето од Лигата на шампиони, каде што прв предизвик ќе биде гостувањето кај Манчестер јунајтед точно за осум дена (12-ти февруари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести