Тухел: Имавме корист од тоа што не играа Нејмар, Мбапе и Кавани

Францускиот првак ПСЖ започна нова сезона во која главна цел е да стигнат до првата титула во Лигата на шампионите. Светците во претходните неколку сезони потрошија вртоглава сума пари за да доведат светски ѕвезди кои треба да помогнат клубот да се искачи на континенталниот трон.

Синоќа, на дуелот против Реал Мадрид, во тимот на ПСЖ ги немаше тројцата најскапи и најзвучни имиња. Нејмар, Килјан Мбапе и Едисон Кавани се повредени, но тоа не беше проблем за навивачите на „Паркот на принцовите“ да се радуваат на победа.

„И кога играме без Нејмар, Мбапе и Кавани има предности. Во тие мечеви ние не излегувавме на теренот како фаворити, останатите играчи се психички порастоварени и почнуваат да играат најдобро што знаат. Секако дека не сакам да кажам дека немаме потреба од најдобрите фудбалери. Напротив, не можеме секогаш да победуваме ако ги нема овие тројца играчи во составот“, изјави Томас Тухел, тренерот на ПСЖ, по победата над Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести