Тухел на прославата во Манчестер ја донел и новата девојка која е 14 години помлада од него

По победата над Манчестер јунајтед, екипата на Баерн Минхен имала прослава до 2 часот наутро во луксузен ресторан во хотелот во којшто биле сместени, а тренерот Томас Тухел, изненадувачки, ја донел и својата девојка, Бразилката Натали Гереиро Макс.

Бизнисменката (менаџер за маркетинг и комуникации) Натали е 14 години помлада од Тухел, а во врска се од лани, брзо откако тренерот се разведе од сопругата Сиси, со која има две ќерки.

Фудбалерите и соработниците на Тухел првпат се запознале со Натали, која беше и на трибините на „Олд Трафорд“ и го прослави голот на Кингсли Коман.

- Оглас -

Најнови вести