Тухел направи цел свет да види како тепачот Мане и тепаниот Сане се поздравуваат (Видео)

Баерн Минхен е елиминиран од Лигата на шампиони откако вечерва одигра само 1:1 против Манчестер сити во реванш мечот. Англискиот тим на првата средба победи убедливо со 3:0 и затоа е во полуфиналето.

Токму на првиот дуел кога Баерн загуби со 3:0 се случи еден инцидент кај германскиот тим. Садио Мане и Лерој Сане се скараа на теренот, а по мечот се дозна дека Сенегалецот физички го нападнал соиграчот и му удрил бокс во лице.

Поради овој испад Мане доби казна од 500.000 евра, а во реваншот беше на клупата за резерви. Во 63 минута тренерот на Баерн, Томас Тухел реши да прави измена и на местото на Сане, во игра го стави Мане.

Двајцата кои беа во центарот на скандалот, овојпат беа приморани да се поздрават пред целата светска фудбалска јавност која го гледаше дуелот. Мане ги испружи двете раце, но Сане ладнокрвно подаде само една рака за поздрав при излегувањето од игра.

https://twitter.com/i/status/1648798404191956992

- Оглас -

Најнови вести