Тухел никогаш не загубил од шпанска екипа, Крос има личен мотив за победа над Челзи

Германците нема да имаат свој тим во финалето, но во двата финалисти ќе има нивни претставници. Вечерва ќе се знае дали против Гундоган и другарите ќе бидат Тухел, Рудигер, Вернер и Хаверц или пак Крос.

Тренерот Томас Тухел сезонава стана само втор по Роналд Куман од сезоната 2007/2008 кој во иста сезона во Лигата на шампионите водел две различни екипи. Тухел лани го однесе ПСЖ до финалето, а се надева дека истиот подвиг ќе го оствари и сезонава со Челзи. Тренерот на лондонските Сини во својата кариера никогаш не загубил од шпанска екипа (има три победи и четири нерешени), а исто така никогаш не бил поразен од тим воден од Зинедин Зидан (Тухел има четири ремија и една победа против Зидан).

Кај Реал, огромни мотиви против Челзи има Тони Крос. Плејмејкерот, кој потфрли на првата средба во Мадрид, има четири европски титули, а можеше да има и пет ако Баерн во 2012 не загубеше на драматичен начин од Челзи. Тој пораз од Челзи за Крос е најболниот во кариерата и затоа тој можеби најмногу сака да им се реваншира на Сините.

- Оглас -

Најнови вести