Тухел се изнервира: Прекинете да ме прашувате за војната и за Абрамович, јас не сум политичар

Роман Абрамович мораше да си замнине, барем привремено, од Челзи по речиси две децениско водење на клубот.

Јасно, сето тоа е резултат од агресијата на Русија кон Украина, по што британските власти одлучија да ги протераат олигарсите од Островот.

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар во ФА купот против Лутон беше запрашан од новинарите за оваа ситуација, а тој нервозно им одговори.

„Прекинете цело време да ме прашувате за моето мислење за војната и за Роман Абрамович. Јас не сум политичар и немам искусено војна, но знам дека тоа е лошо. Би сакал да има мир насекаде низ светот“, изјави нервозниот Тухел.

Ваквата реакција на Германецот до некаде е очекувана бидејќи неговиот тим загуби по изведувањето на пеналите во финалето на Карабао купот против Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести