Марко Матераци и Лилијам Турам имаа своевидно „препукување“ преку медиумите во Италија. Легендарниот дефанзивец на Интер, жестоко му возврати на Турам кој што претходно говореше за расизмот.
„Белците треба да реагираат во случај на расизам и да го напуштат стадионот“ изјави Турам, по што следеше реакција од популарниот „Матрикс“.
„Зошто ти не го напушти теренот кога мене ми викаа ‘Матераци ку*вин син’?!? Тоа е дискриминација против мене и белците, а тогаш молчеше. Да се разбереме, јас сум против расизмот, но, тоа што го кажа Турам нема логика“.
Ваквата дискусија дојде откако минатата седмица, дефанзивецот на Наполи Колибали беше расистички навредуван од страна на навивачите на Фиорентина.