Турпин со ВАР ги згасна надежите за победа на Рен

Судијата Турпин си играше како сака со ВАР-системот и не оштети двапати, па бараме мечот со Брест да не биде регистриран со постигнатиот резултат 0:0, вели раководството на Рен во соопштението до Француската фудбалска федерација.

Турпин, кој е еден од најдобрите судии во Франција и е со знакот на ФИФА и УЕФА, според Рен, двапати ги оштетил на дуелот со Брест.

Најпрво во првото полувреме одби да го користи ВАР-системот, во ситуација кога Рафиња беше фаулиран за пенал, според мислењето на челниците на Рен, а потоа им поништи гол по прегледување на спорен момент во второто полувреме.

„Госдодинот Турпин си одлучуваше како сака и наместо да ги почитува правилата, си продолжи по сопствено убедување, иако има ВАР-систем во францускиот фудбал. Не оштети и бараме да има санкции, а мечот со Брест да не биде регистриран, објавија од Рен.

- Оглас -

Најнови вести