Турска водителка во емисија во живо дозна за смртта на голманот на Јени Малатијаспор, па заплака заедно со директорот на клубот (Видео)

Техничкиот директор на Јени Малатијаспор, Јилмаз Вурал, во емисија во живо на турска телевизија потврди дека голманот Ахмед Ејуп Туркаслан е една од жртвите во стравичниот земјотрес што ја погоди земјата и ја расплака водителката.

Дидем Арслан Јилмас, воделката на специјалната емисија на телевизијата Шоу посветена на земјотресот во Турција, прво се фати за главата, потоа ги симна очилата и со солзи во очите слушаше што зборуваше директорот на Јени Малатијаспор.

Источниот дел од Турција во ноќта помеѓу неделата и понеделникот ја погоди силен земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтеровата скала, а денеска беа регистрирани уште два земјотреси со 6,7 и 5,4 степени. Досега е потврдено дека животот го загубиле 6.300 лица, а турските власите стравуваат дека бројката може да се искачи и до 15.000 жртви.

 

- Оглас -

Најнови вести