Турски клуб каде што веќе игра голем македонски талент е во преговори со Аријан Адеми (Фото)

Аријан Адеми побара од Динамо Загреб да си замине од клубот во кој игра повеќе од една деценија, а според турските медиуми, веќе почнал преговори со прволигашот Адана Демирспор.

Адеми е капитен на Динамо и клупска икона што игра за популарните Модри од 2010 година, но сега одлучи да си замине по 13 години.

Имаше шпекулации дека имал кавга со тренерот на Динамо, Чачиќ, но тоа е демантирано од клубот.

Ако Адеми успешно ги заврши преговорите со Адана, ќе игра заедно со големиот македонски талент Јован Манев.

Манев е 21-годишен дефанзивец и ја игра првата сезона за Адана Демирспор и сè почесто добива шанса да биде стартер.

Клубот од Адана по 19 кола е на шестото место во Суперлигата на Турција со 34 бода и бие битка за позициите што водат во еврокуповите.

- Оглас -

Најнови вести