Турскиот фудбалер одби да облече маица „сопрете ја војната“, а потоа објасни зошто го сторил тоа

Турскиот фудбалер Ајкут Демир се најде во фокусот на светската јавност откако одби да облече маичка на која пишуваше „сопрете ја војната“. Демир е член на турскиот Ерзурумспор, кој вчера на свој терен загуби од Анкарагучу со 1:0.

Играчите на двата тима пред мечот се појавија со маички на кои пишуваше „сопрете ја војната“, со што му дадоа поддршка на народот во Украина по воената инвазија од Русија.

Демир доби големи критики зошто не ја носеше маичката, но фудбалерот по мечот објасни зошто го направил тоа.

„Илјадници луѓе секојдневно умираат на Блискиот Исток. Сите молчат и го игнорираат тоа затоа што тоа не се случува во Европа. Не се чувствував убаво во таа маица затоа што не е направена и за земјите во кои со години има војна. Јас сум против сите војни во целиот свет бидејќи секаде страдаат невини луѓе. Треба да ги осудиме сите војни во целиот свет“, порача Демир.

- Оглас -

Најнови вести