Турскиот шампион сака бомбастично засилување, почнува преговори со Нејмар!

Галатасарај се амбицира во своите редови да ја донесе бразилската ѕвезда Нејмар.

Актуелниот турски првак е во добри односи со Пари Сен Жермен, од каде што ги донесе Икарди и Парадес, а наводно веќе имало состанок со претставници на Нејмар и разговорите биле позитивни. Од клубот ниту потврдуваат, ниту негираат дека имало разговори со Нејмар.

Истанбулскиот клуб планира да донесе звучни имиња со кои би се бореле за успех во европските купови.

ПСЖ би се одрекол од 31-годишниот Нејмар за следната сезона, интерес за Бразилецот има и од Ал-Хилал, кој му понудил дури 600 милиони евра, а отворени се опциите и позајмица во Барселона или останување во Париз. Нов тренер на Светците треба да биде Луис Енрике, а тој го сака Нејмар во своите редови. Бразилецот некои од најдобрите игри во кариерата ги прикажуваше кога Енрике му беше тренер во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести