Турција победи со гол во 99-тата минута, селекторот се расплака од среќа (Видео)

Турција ги задржа шансите за пласман на Светското првенство во Катар откако синоќа во драматичен меч победи со 2:1 на гостувањето кај Летонија. До 20 минути пред крајот беше 0:0, а потоа Турците си дадоа автогол. Гостите сепак не се предадоа и со голот на Дурсун стигнаа до 1:1, а потоа напаѓаа за да ги освојат трите бода.

Остана 1:1 до 90-тата минута, кога судијата покажа четири минути надополнување. Поминаа и четирите минути, Летонија имаше контранапад, но турскиот голман ја расчисти опасноста. Топката стигна до Јилмаз, кој беше фаулиран во шеснаесетникот на Летонија.

Судијата најпрво процени дека немало пенал, но по реакција од ВАР-собата, сепак реши дека треба да има пенал. Јилмаз погоди во 90+9 минута за 2:1.

За Турција ова е прв триумф во седмиот меч против Летонија, а селекторот на гостите, Штефан Кунц, се расплака од среќа.

https://twitter.com/i/status/1447673585212997633

 

- Оглас -

Најнови вести