Шенол Ѓунеш доби отказ и веќе не е селектор на Турција, а причина е катастрофалниот пораз од Холандија со 6:1 во Амстердам. Дебаклот во дуелот со Лалињата е само капак на лошите резултати на Турците, кои не освоија ниту еден бод на Европското првенство и со три порази и гол-разлика од 1:8 испаднаа веднаш по првата фаза.
A Millî Takım Teknik Direktörümüz Şenol Güneş ile yapılan görüşmeler sonrasında karşılıklı olarak yolların ayrılmasına karar verilmiştir. Değerli hocamız Sayın Şenol Güneş’e görev sürecindeki çalışmaları ve Türk futboluna yaptığı katkılar için teşekkür ederiz. pic.twitter.com/JWPhHdvchr
— TFF (@TFF_Org) September 10, 2021
Ѓунеш е селекторот што ја предводеше Турција до најголемиот фудбалски успех на Мјндијалот во 2002 година, кога беше озвоен бронзениот медал.
Тој успеа со националниот состав да се пласира и на последното Европско првенство што се одигра ова лето, но тука и почнаа неговите маки, по елиминацијата во фазата по групи со три порази на трите меча против Италија, Велс и Швајцарија.
Турција моментно по шест квалификациски рунди за настап на СП во Катар е на третото место во Г групата со 11 бода, два помалку од водечкото дуо, Холандија и Норвешка.