Пристигнувањето на Чаби Алонсо како главен тренер на Реал Мадрид се чини дека е завршена работа, а тоа се добри вести и за Арда Ѓулер и турската репрезентација.
Со Алонсо на клупата на Реал, Ѓулер ќе има многу поголема минутажа од таа што му ја даваше Карло Анчелоти кај кој беше во втор план. Алонсо има доверба во талентот, сакаше да го донесе во Баер Леверкузен како позајмен.