Турците патувале шест и пол часа до Рејкјавик, па заглавиле уште три часа на аеродром

Турција по изненадувачката победа над Франција со 2-0, се упати кон Рејкјавик, каде што утре треба да го одигра вториот меч од овој квалификациски циклус против селекцијата на Исланд. Репрезентативците до главниот град на Исланд патувале околу шест и пол часа, а потоа на аеродромот дополнително ги задржале.

Kaпитенот Бурак Јилмаз се огласи преку социјалните мрежи дека непотребно им правеле детална проверка, па на аеродромот останале најмалку уште три часа. Ова се само дел од провокациите кои ги трпеле турските репрезентативци денес, откако еден човек на аеродромот со четка за заби земал изјави од нив.

Набрзо потоа турската влада испратила писмо до Исланд, во кое пишува дека кон репрезентативците не покажале никаква почит и дека намерно го направиле тоа. Иако од врвот на Исланд нема одговор, се огласи човекот задолжен за медиуми и маркетинг на исладнската асоцијација тврдејќи дека сите патници кои не поседувале посебен сертификат, морале да поминат низ оваа контрола.

Таквата процедура ја претрпеле и Исланѓаните пред пет години кога се враќале за дома од Коња.

- Оглас -

Најнови вести