Шега или провокација: Исландски новинар со четка за заби земаше изјава од Белозоглу (Видео)

Со четка за заби, наместо со вообичаните новинарски алатки, исландски новинар се обиде да земе изјава од ветеранот во турската репрезентација Емре Белозоглу.

Го праша како се чувствува по победата против Франција, а за чудо држеше четка за заби. Турците сметаат дека се работи за провокација, иако на Исланд тоа се претстави како шега, а гостите се жалеа и на третманот при самото пристигнување.

Навовдно, како што пишуваат турските медиуми, репрезентативците на Турција биле претресувани на аеродромот, што се третира како уште една провокација пред квалификацискиот меч за ЕП 2020 година, што ќе се игра утре во Рејкјавик, од 20.45 часот.

Турција го декласира светскиот првак Франција со 2:0 во саботата и е лидер во групата Х со максимални 9 бодови. Исланд беше подобар од Албанија, славеше со 1:0 и сега го дели второто место со Франција со по 6 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести