14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Уапсен навивачот кој фрли лушпа од банана кон Обамејанг

Навивачот на Тотенхем кој на терен фрли лушпа од банана, наменета за црномурестиот играч на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, бил идентификуван на снимка од камера и бил уапсен од лондонската полиција, а настанот кој се случи откако Арсенал го постигна првиот гол за водство од 1-0, го осудија и од клубот. Тотенхем ќе му забрани влез на стадионот на нивниот фан.

Иан Рајт, кој е коментатор на ББЦ, рече дека иако играл многупати за Арсенал против Тотенхем и бил навредуван, никогаш не бил нападнат на расна основа. Тој побара од Тотенхем да го казни „идиотот“ кој ги срами и клубот и Премиер лигата воопшто.

Инаку, полицијата информираше дека биле уапсени шест лица за нарушување на јавниот ред и мир. Најмалку навивачи на Арсенал се приведени бидејќи запалиле канта за отпушоци.

 

- Оглас -

Најнови вести