Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Даблин игра натпревар со Република Ирска, а на денешен датум пред пет години ја имавме една од најзначајните победи во историјата, беше остварен резултат кој силно одекна во фудбалскиот свет.
На 31 март 2021 година, Македонија ја совлада Германија со 2-1, и тоа на нејзин терен во Дуисбург во квалификациите за СП 2022. Горан Пандев го отвори резултатот пред самиот крај на првото полувреме, носејќи ѝ предност на Македонија. Германците израмнија преку Илкај Гундоган од пенал во 63-тата минута. Херојот на вечерта беше Елиф Елмас, кој во 85-тата минута ја затресе мрежата на Германците и го запечати историскиот триумф на Македонија против фудбалскиот гигант.
Таа и онаа победа од 1-0 во Палермо над Италија во март 2022 се двете најголеми во нашата историја, според рејтингот на противниците што сме ги победиле.
Ирска не е ни Германија ни Италија, но пожелно би било вечерва Црвено-жолтите иако се аутсајдери, да направат добар резултат со кој 31 март ќе го паметиме по добро, не само по победата над Германците.

