Торино има збирка на глупо примени голови, погледнете што му подарија на Удинезе (Видео)

Торино игра лошо сезонава во дефанзива и прими неколку чудни голови, а таков и тој што денеска им го даде Џерард Делофеу во 26. минута за Удинезе.

Гостите несериозно комбинираа пред својот гол и буквално му подарија гол на шпанскиот фудбалер во таборот на домаќините.

 

Претходно Торино поведе со голот на Ола Аина и по првото полувреме резултатот е 1:1, на меч на кој Илија Несторовски е резерва кај Удинезе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести