Убава антивоена приказна во Аталанта, Украинецот и Русинот се обединети, можат заедно!

Војната меѓу Русија и Украина не го растури пријателството помеѓу клупските колеги од Аталанта, Русинот Алексеј Миранчук и Украинецот Руслан Малиновски.

Малиновски откако даде гол за победа над Баер Леверкузен во Лигата на Европа, славеше со симнување на црната лента на ракавот, ја бакна и покажа кон небото.

Навивачите на клубот од Бергамо на еден емотивен транспарент го илустрираа односот на Украинецот и Русинот.

Тренерот Гасперини рече дека оваа војна ги потресла во клубот повеќе и од корона-вирусот и дека им даваат поддршка и на Украинецот, но и на Русинот, кој чувствувал срам за тоа што се случува.

- Оглас -

Најнови вести