Одлична НБА класа влезе во „Куќата на славните“ во Спрингфилд

Тони Кукоч и Крис Вебер по неколку номинации, конечно се нови членови на Куќата на славните во Спрингфилд во класата наречена 2021, а со нив во популарниот кошаркарски Hall of Fame денеска се примени и Крис Бош, Пол Пирс и Бен Валас.

Петте некогашни големи ѕвезди во НБА-лигата имаат и одлично друштво во Бил Расел, една од најголемите легенди во историјата на НБА-лигата.

Расел веќе беше член на „Куќата на славните“ како кошаркар, а сега си има свое место и како тренер.

Денеска со нив во класата што е примена во 2021 година се и: Јоланда Грифит, Лорен Џексон, Боб Дендриџ, Перл Мур, Кларенс Џенкинс, потоа и Рик Аделман како тренер, заедно со Расел, Котон Фицсимонс, Џеј Рајт и Хауард Гарфинкел.

 

- Оглас -

Најнови вести