Убава вест за навивачите на Милан пред мечот на деценијата, Португалецот останува на „Сан Сиро“

Вечерва се игра првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите меѓу градските ривали Милан и Интер, а навивачите на Росонерите уште сега имаат голема причина да слават.

Новинарот на „Атлетик“, Џејмс Хорнкасл, објави дека Милан го продолжи договорот со еден од најдобрите играчи, Рафаел Леао.

Според новинарот, Леао потпишал нов договор со Росонерите кој ќе трае до 2028 година.

Португалецот сезонава игра одлично во дресот на Милан, на 44 натпревари постигна 13 гола и имаше 13 асистенции.

Настапот на Португалецот на вечерашниот натпревар е неизвесен поради повреда.

- Оглас -

Најнови вести