Убава вест за Шпанија: Луис Енрике се враќа на селекторското столче

Луис Енрике е на прагот да се врати на кормилото во репрезентацијата на Шпанија. Овие убави вести ги потврдија шпанските медиуми кои тврдат дека Федерацијата стапила во контакт со екстренерот на Барселона за да ја обноват соработката откако Енрике му го отстапи местото на Роберто Морено во јуни годинава поради лични причини.

Енрике се повлече од репрезентацијата по смртта на неговата ќерка, но според шпекулациите, тој е подготвен повторно да ја води Црвената фурија и ќе биде на кормилото за време на Европското првенство во 2020 година. Оваа информација би требало да се потврди во наредните неколку дена, а Морено ќе може да ја извршува должноста на асистент, како што беше пред да замине Енрике.

Светскиот првак од 2010 година вчера го прослави пласманот на финалниот континентален собир со победата од 5-0 над Романија во Мадрид.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести