Убаво е да се видат толку мајстори – Балканските фудбалски легенди се збогуваа со Ивица Осим (ФОТО)

Ивица Осим пред две седмици почина во Грац, Австрија, а денеска во неговото Сараево се одржа комеморација, а потоа тој беше закопан.

На неговиот последен поздрав, се собраа голем број балкански фудбалски легенди: мехмед Баждаревиќ, Блаж Слишковиќ, Звонимир Бобан, Сречко Катанец, Владимир Петковиќ, Душан Бајевиќ, Драган Стојковиќ – Пикси, Сафет Сушиќ, Томислав Ивковиќ и многу други.

На комеморацијата беше и јапонска делегација а истата почна со интонирање на химната на Босна и Херцеговина.

Тој почина на 81 година а беше последниот селектор на СФР Југославија.

 

- Оглас -

Најнови вести