Убаво изгледа победнички и македонски тикет во Sport Life

Македонија денеска ќе игра на три различни фудбалски терени, со три сосема различни селекции и на сите сме фаворити за победа.

Фудбалскиот ден, многу редок за нас, ќе почне во 13 часот, со претквалификацискиот дуел меѓу нашата селекција за играчи до 19 години против Луксембург на „Петар Милошевски“ во скопската населба Аеродром.

Ни треба убедлива победа и пораз на Босна и Херцеговина од Англија, и таму што е можно поубедлив, за да се надеваме на пласман понатаму.

За триумф на нашите таленти коефициентот во Sport Life е 1.32, а моментно пред да почнат дуелите од последното коло во 11-та група, Англија е прва со 6 бода и гол-разлика 9:0, пред Босна и Херцеговина со 4 бода и гол-разлика од 1:0. Македонија има еден бод и сè уште сме без постигнат погодок со гол-разлика 0:5, а Луксембург нема шанси за пласман понатаму и без бодови.

Тука одлучуваат меѓусебните дуели, а со единствениот конкурент БиХ одигравме нерешено, па во случај на еднаков број бодови, втор критериум е вкупната гол-разлика. Ни треба висока победа против Луксембург и англиски триумф во вториот меч, и таму со што е можно повисока разлика, за да се надеваме на подвиг.

Во 18 часот Македонија ќе игра уште еден важен меч, овојпат во квалификациите за настап на ЕП за играчи до 21 година против Фарски Острови во Торшавн. Пред два месеца го декласиравме аутсајдерот во нашата група со 7:1 во Скопје и повторно избраниците на Благоја Милевски се големи фаворити за победа.

Коефициентот за двојка во Sport Life е 1.21, а победата ни треба во битката за пласман на ЕП. Македонија моментно е третопласирана со 7 бода, колку што има и Израел, но одигравме еден меч повеќе. Првиот фаворит Шпанија е лидер со максимален учинок од 4 меча и има 12 бода.

Првопласираната селекција сигурно ќе игра на ЕП, а ќе се приклучат шесте второпласирани репрезентации од деветте групи, што ќе имаат најмногу бодови во нивното конечно рангирање.

Последниот меч што денеска ќе го игра македонска фудбалска селекција е тој во Скопје, од 20.45 часот против Израел во сениорските квалификации за ЕП 2020 година.

На арената „Тодор Проески“ Пандев и соиграчите го играат последниот меч од циклусот и иако немаме шанси за пласман на ЕП преку квалификациите, има мотиви за победа. Со успех и три бода против Израел можеме да бидеме трети во нашата група, зад Полска и Австрија, кои патуваат на ЕП 2020 година.

Услов е да го победиме Израел и Полска на домашен терен да ја надигра Словенија. Коефициентот за кец во Sport Life e 2.50.

Може и да се направат различни комбинации од игри во Sport Life, а еве го нашиот предлог за „македонски“ тикет.

Македонија У-19 – Луксембург У-19 (претквалификации за ЕП, 13 часот) 

Предлог тип: 1&4+ (3.50)

Фарски острови У-21 – Македонија У-21 (квалификации за ЕП, 18 часот)

Предлог тип: 2 &1+I&1+II (1.67)

Македонија – Израел (квалификации за ЕП, 20.45 часот)

Предлог тип: 1Х& 2-4 гола (2.25) Квота на денот во Sport Life

 

 

- Оглас -

Најнови вести