Убаво му е во Мадрид: Столе пред потпис на нов договор со Рајо

„Единицата“ на Рајо Валјекано, Столе Димитриевски, е пред потпис на нова соработка со второлигашот. Шпанска „Марка“ ја потврди оваа информација, а македонскиот репрезентативец во најскоро време ќе ја завери верноста кон второлигашот, а новиот договор ќе трае до 2023 година.

Македонскиот чувар на мрежата летово имаше неколку понуди да се врати во Ла Лига, но Валенсија, Севилја, Бетис, Еспањол и Мајорка му нудеа да биде бекап опција, улога која не му одговараше на Столе.

Челниците на Рајо веруваат во нашиот голман и сметаат на него да биде клучна фигура во обидот експресно да се вратат во елитата. Столе брзо и лесно се прилагоди на животот во Мадрид, што е една од причините за останување во редовите на второлигашот.

- Оглас -

Најнови вести