Учество во седмото коло на Спортска прогноза само ако типувате до 15 часот

Седмото коло од Спортската прогноза ќе биде многу интересно и привлечно, бидејќи паровите што ви ги нудиме се од клупски натпревари во Топ 5 лигите во Европа, а традиционално, прогнозерите нив подобро ги познаваат и повеќе им лежат кога се во прашање погодоците.

Денеска до 15 часот, до стартот на средбата Лацио – Аталанта, можете да се приклучите со своите прогнози во нашата бесплатна игра, што порталот „Спорт Манија“ ја организира заедно со обложувалниците Sport Life.

Посебно интересен пар за прогнозирање е мечот во Манчестер, каде Ливерпул му гостува на Јунајтед. Европскиот првак засега реди само победи, а и најголем дел од учесниците во ова коло, типувале двојка. До овој момент, Ливерпул е фаворит за вас, а изненадувачки е мал бројот на тие што играле единица, иако на Манчестер не му цутат розите, а и во дербито ќе биде без Погба и Де Хеа.

Има уште 12 интересни двојки, меѓу кои се дуелите меѓу двете Борусии, мечеви од Италија во кои очекуваме настап на нашите интернационалци. Ќе треба многу претчувстви, но и среќа за да се стаса до што повеќе поени, па зошто да не и до првата тринаесетка сезонава. Сите 13 погодоци носат вредна премија, „iPhone XS“.

Наградите ги има за секое коло (за 13-ка е iPhone XS, за 12-ка вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, за 11-ка ваучер од 500 денари) и за најдобрите во Генерален пласман. Затоа треба добро да се анализираат и погодат и двата резервни парови, кои носат поени во вкупниот поредок.

Денеска е ден за бесплатна Спортска прогноза, па повелете со вашите типови на интернет страницата на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести