Страствен навивач на Рома ги натера учениците да ја пејат химната на Волчицата – Родителите се бунат: Син ми е за Лацио и доживеа стрес (Видео)

Вирален хит стана видеото снимено во училишниот комплекс Катерина Усаи во Рим, а учител, кој е страствен навивач на Рома го повикал децата да ја пејат химната на Волчицата пред финалето со Феенорд во Конференциската лига на УЕФА.

Откако видеото стана јавно достапно и имаше многу коментари се побуниле дел од родителите.

„Моето дете навива за Лацио и доживеа стрес кога учителот им рекол да ја пејат химната на Рома.

Меѓу децата имало две што се симпатизери на Јувентус, па и нивните родители протестирале, а учителот во знак на извинување имал интересна понуда.

„Го разбирам протестот на родителите и ветувам дека во некоја прилика ќе се пее и химната на Лацио“, изјавил учителот.

Видеото што го објави „Ла Република“ можете да го погледнете ОВДЕ.

Рома го победи Феенорд со 1:0 во финалето во Тирана и е првиот освојувач на пехарот во Конференциската лига на УЕФА во премиерното издание на новото натптреварување.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести