Удинезе дома не го победи Лече, Несторовски остана на клупата за резерви

Екипата на Удинезе веќе четири меча не знае за победа, откако вечерва на свој терен одигра само 1:1 против Лече, тим што ќе се бори за опстанок во Серија А. Гостите беа дојдени да се бранат и ако можат да искористат шанса да го загрозат домашниот гол во што и успеаа.

Фудбалерите на Лече упатија еден прецизен удар кон голот на Удинезе и тоа беше гол во 33 минута кога прецизен беше Коломбо. Во второто полувреме домаќините заиграа многу поагресивно и тоа резултираше со погодокот на Бето за 1:1, но Удинезе до крајот немаше сила за комплетен пресврт.

На клупата на Удинезе беше Илија Несторовски кој не доби шанса за настап.

Освен овој меч во Серија А, кој заврши со гол-гол комбинација, погодоци во двете мрежи имаше и на дуелите кои се играат во Германија, Шпанија и Франција. Борусија Менхенгладбах со 3:1 го победи Штутгарт, Жирона со 2:1 славеше над Атлетик Билбао, а Троја и Оксер ремизираа 1:1.

- Оглас -

Најнови вести