Удинезе и Рома ремизираа – Нестор повторно на клупа и само со 51 минута по враќањето од повредата

Удинезе и Рома одиграа 1:1 во мечот од 29-то коло во Серија А.

Тимот од Рим беше губеше со голот на Нахуел Молина во 15-та минута, а со гол од пенал погоди Лоренцо пелегрини во 94-та минута, додека нашиот Илија Несторовски повторно го преседе целиот меч на клупата за резерви.

Загрижувачки е тоа што македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски по враќањето од тешката повреда на лигаментите, одигра само 51 минута фудбал. Што за негови стандарди е навистина премалку.

Нестор важи за еден од нашите најискусни репрезентативци и ваквата мала минутажа претставува навистина голем проблем за селекторот Благоја Милевски.

- Оглас -

Најнови вести