Домаќинот Германија е вториот четвртфиналист на Европското првенство откако вечерва во Дортмунд ја победи Данска со 2-0. Каи Хаверц од пенал во 53.минута и Џамал Мусијала во 68.минута беа стрелци на головите за селекцијата на Џулијан Нагелсман која обезбеди место меѓу осумте најдобри.
Натпреварот во Дормтунд беше неверојатно содржаен, дури и со „луди“ моменти. Во 35.минута судијата Мајкл Оливер привремено го прекина и ги испрати фудбалерите во соблекувалните поради грмотевици над стадионот „Сигнал Идуна Парк“.
На почетокот на вториот дел дојдоа и головите.
Беше досуден пенал по интервенција на ВАР поради игра со рака на Јоаким Андерсен во шеснаесетникот, а успешен реализатор беше Каи Хаверц во 53.минута.
WOW INCH PERFECT PENALTY FROM HAVERTZ pic.twitter.com/txa1DfUXtD
— ArsenalComps (@ArsenaIComps) June 29, 2024
Само една минута претходно, Андерсен беше стрелец на гол за Данска, кој не беше признат од ВАР поради офсајд позиција.
На почетокот на мечот, и Нико Шлотербек погоди во четвртата минута, но ВАР не го призна голот поради прекршок во напад.
Во 68.минута, Џамал Мусијала постигна втор гол за Германија и го реши победникот на неверојатниот натпревар во Дортмунд.