УЕФА без казни за Суперлигашите, полуфиналето во ЛШ ќе се игра

УЕФА одлучи да не ги казни 12-те клуба што ја формираа Суперлигата и најважно дозволи да се играат полуфиналињата во Лигата на шампионите.

Учесници се три од четирите екипи што беа основачи на проектот што брзо згасна, најмногу по притисокот на навивачите на клубовите, но и на УЕФА и ФИФА.

Реал Мадрид ќе игра против Челзи на 27 април како домаќин и потоа во реваншот на 5 мај во завршницата на Лигата на шампионите, иако и двете екипи стравуваа од елиминација како основачи на проектот Суперлига на УЕФА.

На 28 април во второто полуфинале силите ќе ги одмерат и ПСЖ и Манчестер сити, најпрво во Париз, а потоа на 4 мај и во Манчестер.

И Сити беше дел од планираната Суперлига, па само ПСЖ не беше дел од ова друштво, но УЕФА донесе правилна одлука Лигата на шампионите да продолжи без казни за трите полуфиналисти.

Финалето е закажано за 29 мај на „Ататурк стадионот“ во Истанбул.

Без казни минаа и Манчестер јунајтед и Арсенал, екипи кои добија шанса да ги играат заслужените полуфиналиња во Лигата на Европа против Рома, односно Вилјареал.

Манчестер и Рома ќе го почнат двомечот за финале на „Олд Трафорд“ на 29 април, а реваншот е на „Олимпико“ во Рим на 6 мај.

Во истите термини Вилјареал најпрво ќе му биде домаќин на Арсенал, па ќе гостува во Лондон.

Мечот за титулата во Лигата на Европа ќе се игра во Гдањск на 26 мај, а шампионот автоматски следната сезона ќе биде учесник во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести