УЕФА ја објасни одлуката зошто финалето на ЛШ ќе се игра во нов термин

Почнувајќи од овогодинешното финале во Будимпешта, финалето на Лигата на шампионите повеќе нема да се игра во традиционалниот термин од 21 часот, туку ќе започне во 18 часот по средноевропско време.

Целта на оваа промена е финалето да стане попријатен и подостапен настан за сите, создавајќи пријатна атмосфера што им овозможува и на семејствата со деца да го гледаат најважниот натпревар во сезоната.

За навивачите што патуваат на натпреварот, пораното започнување значи полесен пристап до јавен превоз по натпреварот и побезбедно и поудобно враќање дома. За градовите домаќини, промената би требало да има и поголемо економско влијание, бидејќи навивачите ќе имаат повеќе време да слават и да се дружат и по натпреварот.

Новото време на почеток е исто така усогласено со телевизиските термини, што ќе му овозможи на настанот да достигне уште поширока публика низ целиот свет преку телевизија и дигитално емитување, со посебен фокус на помладите гледачи.

Со оваа промена, го ставаме искуството на навивачите во центарот на нашиот фокус. Финалето на Лигата на шампионите на УЕФА е најважниот настан во фудбалската сезона, а новиот почеток ќе го направи уште подостапно, инклузивно и незаборавно за сите учесници. Терминот од 21 часот е погоден за натпревари во средината на неделата“, се вели во соопштението на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести